„Со заминување во Кина ќе се разочара мојата фамилија“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Фудбалерите во последните неколку преодни рокови во своите најдобри играчки години се одлучуваат да изненадување на многумина кариерата да ја продолжат во земјата каде што фудбалот е сеуште во развој.

„Хит“ во преодните рокови во последните неколку години стана Кина која со своите неверојатни богати понуди ги мами некои од најдобрите светски фудбалери.

Сепак, има уште од тие на кои парите не им се на прво место и кои сакаат да играат во најдобрите лиги на светот.

Еден од тие е и малиот напаѓач на Наполи, Дрис Мертенс, кој во оваа зима беше на мета на неколку екипи од Кина.

На адреса на Наполи стигнаа неколку неверојатни понуди, но Белгиецот се одлули за и понатака да остане верен на екипата од Неапол.

„Мојот татко вози автобус во Андерлехт и од своите единаесет години ме возеше на тренинг секој ден. Имам големо почитување за тоа што моите родители направија за мене. Тие не ме одгледаа да зборувам за пари и би биле многу разочарани за поради тоа да одам во Кина“, рече Мертенс.