Роналдо во најголема криза од доаѓањето во Реал Мадрид


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Фудбалерите на Реал Мадрид синоќа на домашен терен го совладаа Наполи со 3:1 во првиот меч од осмина финалето на ЛШ.

Кралскиот клуб синоќа на Сантијаго Бернабе успеа да го победи Наполи иако италијанскиот тим прв стигна до предност.

Сепак, тоа што ги изненади љубителите на фудбалот е дека најдобриот играч на светот Кристијано Роналдо повторно не успеа да ја затресе мрежата во ова натпреварување.

Кризата на Роналдо трае веќе долго време, а Португалецот во Лигата на шампионите не ја затресе мрежата на противникот во последните 523 минути што е најдолго откако го носи дресот на кралскиот клуб.

Португалецот во претходните две сезони беше прв стрелец во натпреварувањето, но очигледно дека во оваа година нема да биде ниту блиску.

Роналдо својот последен гол во досегашниот дел од сезоната во ЛШ го постигна на 27 септември минатата година кога Реал Мадрид ремизираше против Борусија Дортмунд (2:2).

Шанса за повторно да постигне гол Роналдо ќе има во реваншот против Наполи за 3 недели.