Конте сака играч на Јувентус!


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Како што пренесува Калчомеркато, фудбалер со речиси легендарен статус во Јувентус може да се пресели на Стенфорд Бриџ кај својот поранешен тренер.

Челси планира жестоко да го засили средниот ред во наредната сезона, а се чини дека цел на Конте е Лигата на шампионите.

Во оваа натпреварувачка година ги надминаа сите очекувања и се убедливо први на табелата од Премиер лигата, а нареден чекор на амбициозниот италијански страгег ќе биде секако што подобар пласман во елитното европско натпреварување.

Решен е во тоа име добро да го засили средниот ред, заинтересиран е за играчот за врска на Аталанта, а сега се појави приказна дека сака повторно да соработува со италијанскиот репрезентативец од редовите на Старата дама Клаудио Маркизио.

Тој наводно лично кај челниците на шампионот на Италија се распрашуваше за таа опција, што доволно зборува за тоа колку сака Маркизио да го види на Бриџ во наредната сезона.

Маркизио беше важен шраф во освојувањето пет врзани титули шампион на Италија, дури три ги освои со Конте на клупата на Бјанконерите.

Во оваа сезона искусниот играч за врска не се наигра, причина е нормално повредата која ја заработи пред минатото ЕП во Франција.

Во текот на својата бериќетна кариера во Торино, Маркисио одигра 266 лигашки натпревари за Јуве и постигна 32 гола.

Едне од омилените играчи на Конте, неговите можности да се прилагоди на било која задача и било која улога во средниот ред е нешто што посебно го импресионриа италијанскиот стратег.

Ќе видиме како работите ќе се развиваат, Јуве сигурно не сака туку така да се откаже од услугите на одличниот играч за врска, но факт е дека Маркизио се најде на листата на желби на Конте, која Италијанецот ја достави до сопственикот на клубот од Стенфорд Бриџ Роман Абрамович, и јасно е дека богатиот сопственик ќе направи се што е во негова можност да го убеди Јувентус да дозволи играчот да се пресели во Лондон.