„Ќе биде многу тешко, но не смееме да се откажеме“


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Фудбалерот на Барселона Нејмар рече дека е “практично невозможно“ да се очекува неговата екипа да се пласира во четвртфиналето на Лигата на шампионите после убедливиот пораз од Пари Сен Жермен.

ПСЖ во вторникот во Париз славеше против Барселона со убедливи 4:0 во првиот натпревар од Лигата на шампионите, па така пред каталонската екипа сега е тешка задача.

„Сега мораме да размислуваме за наредниот натпревар да видиме што можеме да направиме со цел да ги свртиме работите во наша корист. Тоа ќе биде многу тешко, практично невозможно…Но не смеме да се откажеме“, рече Нејмар за шпанските медиуми.

„Ќе биде многу тешко да се подготвиме за реваншот. Мислам дека никогаш не сме биле во ваква ситуација“, додаде Бразилецот.

Нејмар наведе дека натпреварот во вторникот беше необичен за неговата екипа.

„Тоа беше натпревар кој ретко не се случува, но ПСЖ одигра одлично и заслужено победи“, рече Нејмар.