„Го одбив Атлетико Мадрид“


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Еден од најдобрите напаѓачи на денешницата Едисон Кавани имаше шанса во минатото лето да го напушти ПСЖ.

Кавани три години беше во сенка на Златан Ибрахимовиќ кој беше прв напаѓач на тимот, но после заминувањето на Швеѓанецот конечно ги дочека своите пет минути и во оваа сезона игра како препороден.

Тој потврди дека во минатото лето имаше неколку понуди, а една беше и од Атлетико Мадрид.

„Вистина е дека беше заинтересиран Атлетико Мадрид. Сепак, јас сум еден од тие кои верува дека професионалецот треба да го испочитува својот договор. Тоа е она што го направив и тоа што и го правам до овој момент“, рече Кавани.

Да потсетиме дека Уругваецот во вторникот на Паркот на Принцевите ја докрајчи големата Барсерлона бидејќи го постигна четвртиот гол во текот на второто полувреме.

Кавани во оваа сезона во Лига 1 одигра 23 меча и постигна неверојатни 25 голови, додека до ЛШ на седум мечеви постигна исто толку голови.