„Продолжувањето на договорот е многу блиску“


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Аргентиенцот Дибала изјави дека само детали го делат од потпишување на нов договор со Јувентус.

Дибала долго време се поврзуваше со заминување од Јувентус, а како наредна дестинација се споменува Манчестер Јунајтед, Сити и Барселона.

Сепак, тој вели дека наскоро ќе го продолжи договорот со Јувентус.

„Многу сме блиску до договор за продолжување на соработката. Мојот агент наскоро ќе дојде во Италија да ги договори деталите со Марота, но желбата е тука кога сме ние во прашање.“

Дибала во Јувентус стигна во 2015-та година, а оваа сезона постигна 5 голови и 4 асистенции на 17 натпревари.