„Имам многу да докажувам!“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Финскиот возач, Валтери Ботас е свесен дека има многу да докаже со доаѓањето во Мерцедес.

„Имам многу да докажувам, бидејќи досега не покажав ништо во Ф1, се што треба да докажам, доаѓа наскоро.“

Тој објасни и дека смета дека може да биде подобар од Луис Хамилтон.

„Мислам дека тоа е можно. Нико покажа дека е подобар. Луис направи се што можеше во кариерата и го почитувам поради се, но за мене ова е голема шанса.“

Мерцедес ќе го открие болидот за новата сезона на 23-ти февруари, а четири дена подоцна ќе го вози во Барселона.