„Фандорне ќе биде добра конкуренција на Алонсо“


Одиме јако! Не чека ЛУД викенд! ↓↓↓


Зек Браун, еден од главните луѓе во Мекларен, е убеден дека Фандорне ќе биде добра конкуренција за Фернандо Алонсо.

Белгиецот ќе ја има првата целосна сезона во Ф1, а минатата година во Бахреин го замени Алонсо и освои еден, но вреден поен.

„Многу добро се сложуваат. И двајцата се фокусирани и ја работат својата работа. Се прават за да напредуваат. Фандорне е многу зрел и сигурен сум дека ќе се натпреварува со Фернандо и нема да бидат задоволни со 8 или 9 место.“

Браун изјави и дека главната цел на двата возачи е да останат здрави во текот на целата сезона.