„Не се гледам себеси како лидер“


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Нико Хулкенберг изјави дека не се гледа себеси како нов лидер на тимот на Рено и дека таа улога не му е важна.

Хулкенберг дебитираше во Ф1 за Вилијамс во 2010, а сега му се приклучи на амбициозниот проект на Рено од Сахара Форс Индија.

„Искрено, тоа не ми е толку важно. Медиумите претеруваат со тоа, кој е лидер, а кој е возач. Што значи тоа да си лидер на тимот? Јас мислам дека е многу поважно да му помогнете на тимот и да дадете се од себе на секоја трка.“

Негов колега ќе биде Џојлон Палмер, кој не се прослави, но покажа доволно за да остане во тимот.