ВТА Доха – Катастрофален натпревар за Кербер!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Утрово се одиграа 4 натпревари од турнирот во Катар.

На првиот натпревар Плишкова без проблеми ја победи Гарсија со 2:0 во сетови, односно 7:5 и 6:4.

Дејвис беше подобра од Веснина со 2:0 додека Стосур се измачи против Стрицова, но на крајот успеа да стигне до победа со 2:1.

Катастрофален натпревар за првата носителка Кербер. Касаткина успеа да ја изненади и во само 2 месеци да ја победи дури 2 пати втората тенисерка на ВТА листата.

Касаткина во овој натпревар беше подобра со 2:1 во сетови, односно 6:4, 0:6 и 6:4.

Кербер не само што изгуби во овој натпревар, туку изгуби и можност да се врати на врвот на ВТА листата доколку триуфмираше на овој и наредниот турнир.