„На Јунајтед тренинзи и не требаат, а поради овој луд ритам на натпревари и трошеа пари!“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Манчестер денеска изгледа како екипа која може да победи секого, поготово во Европската лига. Каде што се главни конкуренти Рома и Шпанците.

Пол Сколс верува дека Манчестер Јунајтед може да ја освои Европскаталига и да заврши во топ четири во Премиер лигата, и покрај густиот распоред од крајот на 2016 година досега.

Јунајтед се спрема да го угости Сент Етјен во шеснаесет финалето на Европската лига во четврток, а во домашното првенство ги чека голема борба за едно од првите четири места со цел да осигура настап во Лигата на шампионите.

Легендата на клубот Сколс тврди дека играчите на Жозе Мурињо има способност и сила да се носи со поголем број на натпревари кои им се потребни за да осигура настап во финалето во мај во Стокхолм.

„Не се работи само за Европа, туку и Лига куп, ФА Куп и Премиер лигата. Нема да биде едноставно, но верувам де ка имаме доволно силна екипа со цел да го издржиме се ова“, рече Сколс за Гоал.

„Играчите во овој дел од сезоната се доволно спремни па така не треба премногу да тренираат. Мислам дека тренингот ќе биде само про форма и дека сега само да се фокусираат на играњето на натпревари во ритамот сабота – среда – сабота – среда или кога ќе биде натпреварот. Се надевам дека ќе влезат во добра форма и ќе победуваат“.

Former Manchester United midfielder Scholes pictured for Enterprise Rent-A-Car, official partner of the UEFA Europa League, ahead of Manchester United vs St. Etienne

Сколс има 42 години, а за Јунајтед одигра 718 натпревари во 20 години долгата кариера постигнувајќи притоа 155 голови и играјќи важна улога во освојувањето на 11 титули шампион.

Нагласи и дека победниците ги дели од губитниците кога натпреварите се навистина напнати и брзи.

„Секој натпревар во овој дел од сезоната е многу важен бидејќи сега е најтешко и тоа е време кога се освојуваат трофеи: од февруари до мај. Играчите мораат да одат од натпревар во натпревар. Дали е тоа ФА куп, Лига Куп или Европската лига навистина не е важно, само морате да пробате да победувате во сите натпревари“.

Поранешниот играч за врска на англиската репрезентација рече дека има неколку екипи на кои треба да се пристапи внимателно во Европскаталига, но смета дека Јунајтед може да се носи со секој од нив.

„Би рекол дека Рома е како голема екипа, добри се противниците. Имаат и тие неколку шпанци како Селта и Атлетик Билбао, кои секогаш имаат пристојни тимови, но мислам дека Јунајтед е способен да ги победат сите екипи и да отидат до крај“.

 

„Поради тоа што лигата не изгледа пренапната засега, иако сметам дека Јунајтед ќе заврши во топ 4, ова е шанса да се дојде до Лигата на шампионите. Европската лига стана големо натпреварување само поради тоа што на победниците донесува Лига на шампионите на крај. Не мислам дека ќе дојде до тоа, мислам дека сеедно Јунајтед ќе заврши меѓу четирите најдобри екипи, но ова е нешто на што се може да се потпре. На крајот, секогаш е убаво да се освои трофеј“, рече Сколс.

Обложуалниците очигледно се сложуваат со Сколс, поставувајќи го Јунајтед како главен фаворит за освојување на Европската лига, а 42-годишниот истакна дека играчите на Мурињо тоа го заслужиле со своите игри во оваа сезона.

„Кога бевме фаворити на почеткот на сезоната тоа имаше врска со репутацијата на клубот, но сега постои вера дека навистина може да ја освојат Европската лига: Не само поради екипата која остана во натпреварувањето туку поради игрите кои ги пружаат во последно време: изгледа како екипа која знае да постигне и која знае да победува поголем дел од екипите, посебно тие кои преостанаа во Европската лига“.

„Екипата е огромна и таа ширина ќе им биде потребна бидејќи освен лигашките ги очекува уште многу други натпревари. Ќе играат финале на Лига купот и тоа треба да биде завршено за неколку недели, а ако останат во ФА Купот, ќе мораат да играат натпревари и во тој куп па така секоја недела ќе имаат натпревар. Мислам дека тоа е причината поради што потрошија многу пари, со цел да имаат екипа која може да се носи со тоа“, за крај рече Сколс.