Дани Парехо е пример како се однесува вистински капитен


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Откако фудбалот стана бизнис, терминот „лојалност“ пополека се губи од речникот на овој спорт.

Има се повеќе фудбалери кои само ја одработуваат својата работа на тертенот и своите клубови,  кои се колнат на љубов и верност, го напуштаат штом ќе се укаже вистинска прилика за тоа.

Дека не се сите исти докажа капитенот на паднатата Валенсија, Дани Парехо, кој во јануари можеше  да потпише за еден од најдобрите шпански клубови, но тој одби од проста причина.

„Вистина е дека во јануари имав понуда од Севиља, но не сакав да заминам. Сметам дека не е вистински момент да заминам, со оглед на ситуацијата во која се наоѓаме. Јас сум капитен на Валенсија и моја должност е да придонесам за екипата во овие тешки времиња“, рече Парехо, и продолжи:

„Моја желба е да го напуштам клубот во момент кога тоа ќе одговара и мене и на клубот, а во јануари тоа не одговараше на Валенсија. Во оваа сезона сакавме барем да обезбедиме Европска лига, но дојдовме во ситуација да се бориме за опстанок“.

На прашањето дали на лето ќе ја напушти Валенсија, Парехо одговори:

„Навистина не знам што ќе биде на лето, бидејќи во фудбалот се е можно. Ќе видиме“.