Импресивна серија на Јунајтед на домашен терен!


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Фудбалерите на Манчестер Јунајтед остварија нов триумф на својот стадион.

Овој пат на Олд Трафорд е поразен Сент Ејтен, во рамките на 1/16 финалето на Лига Европа.

Овој дуел воедно и 20-ти во серија каде што Ѓаволите не доживееја пораз на свој терен во оваа сезона.

Запишаа 14 триумфи и шест реми во последните 20 дуели на Олд Трафорд, за тоа време постигнаа 43 погодоци, примија девет, а дури во 11 наврати успееја да останат без примен гол.

Јунајтед уште од Фергусон нема ваква серија на својот стадион, како што сезоната одминува се стекнува впечаток дека играат се подобро, а како што од почетокот на оваа натпреварувачка година  не испаднаа од ниту едно натпреварување, притоа и го освоија Комјунити Шилд, делува дека  ова може да биде многу добра сезона за Ѓаволите покрај се.

Да потсетиме дека и играат финале на Лига Купот со Саутемптон, во Премиер лигата се шести со шести со само два бода помалку од Тотенхем кој е на третото место на табелата.

Во шампионатот е нереално да се надеваат на титула, но едно од местата кое води во Лигата на шампионите, е сосема реална опција.