Револуција на Барселона- Еден дефанзивец потпиша вчера, друг стигнува до крајот на годината!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Ова може да биде многу бурна година на Ноу Камп.

Фудбалскиот клуб Барселона поминува низ тежок период, а се кулминираше со убедливиот пораз од Пари Сен Жермен во Лигата на шампионите.

Сепак, Каталонците веќе се фатија за работа и завршија две засилувања во одбраната, поради тоа што вчера за клубот потпишаа стоперот Сантијаго Буено (18), додека договор е постигнат со уште еден дефанзивец Џереми Мина (22).

Буено вчера стигна во Барселона, до крајот на сезоната ќе игра за Барселона Б, а потоа на лето ќе добие шанса за на припремите да се наметне на првата екипа.

„Мојот план е да останам овде 15 години, да играм за Барселона и да освојувам многу трофеи“, рече Уругваецот по доаѓањето на аеродромот.

Инаку, Буено е висок 189 см, а освен уругвајски пасош, тој има и државјанство на Италија.

 

Што се однесува до Мина, Барселона и Палмеирас наводно завршија и Колумбиецот ќе се пресели на Ноу Камп во декември месец, кога ќе заврши сезоната во Бразил.

Мундо Депортиво потврди дека Барселона ја заврши зделката вредна 9 милиони евра и дека Мина ќе потпише договор на пет години.

Мина инаку е висок 195 см и го предводеше Палмеирас до титула во Копа Либертадорес, а е прогласен и за најдобар дефанзивец во бразилскиот шампионат.