„Меси е поголем од клубот“


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Во најмала рака речено контроверзна изјава на Аргентинецот.

Хавиер Маскерано тврди дека неговиот соиграч Лионел Меси е поголем од Барселона.

Тој тоа го изјави за последното издание за клупскиот магазин.

„Лео е единствен. Зборуваме за најдобриот фудбалер во историјата.

За Барса во последните неколку години играа многу големи играчи, кои со златни букви останаа запишани во неговата историја. Нивното заминување беше болно, но никој од нив не е поголем од клубот.

Единствен кој е поголем од клубот е Лео. Тоа е реалност и тоа сите треба да го прифатат“, изјави Маскерано.