Претставници на Милан го следеа мечот Гладбах и Фиорентина!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Идниот директор на Росонерите веќе работи на засилувања на екипата на Винченцо Монтела.

Како што добро информираниот Џанлука Ди Марзио пренесува, наследникот на Адријано Галијани на местото спортски директор на Милан, Масимо Мирабели, веќе вредно вредно ја работи својата работа.

Имено, тој од трибините го следеше дуелот Борусија Мехенгладбах и Фиорентина, во рамките на Лига Европа, а посебно внимание посвети на двајца фудбалери.

На неговиот радар се наоѓаат по еден фудбалер од двете екипи, заинтересен е за Махмуд Дахуд од Борусија Мехенгладбах и еден од најталентираните италијански фудбалери од редовите на Виолетовите Федерико Бернардески.

Дахуд ја залуди Еврона уште во минатата сезона, Борусија успеа да го задржи во претходните два преодни рокови, но тешко дека ќе успее и во наредниот, бидејќи му остана се помалку време од договорот со екипата од Гладбах.

Се проценува дека може да замине за само 10 милиони евра, што секако ќе биде одлична зделка за било која заинтересира екипа, а може и најмногу за Милан, бидејќи на Сан Сиро се планира целосна реконструкција по доаѓањето на новата управа.

 

Што се однесува до Бернандески, секој тим од Чизмата сонува да го има во своите редови бидејќи е еден од најголемите бисери на италијанскиот фудбал.

Фиорентина дефинитивно е тврд пазар, ќе видиме на колкава понуда управата на тимот од Фиренца ќе се предаде.

Бернандески е на слатки маки, интерес за неговите услуги е голем, а Милан најголем конкурент може да има во градскиот ривал Интер и Тотенхем, бидејќо Покетино исклучително го цени одличниот фудбалер на Фиорентина.

Федерико Бернардески постигна фантастичен гол за Фиорентина, па Мирабели имаше што да види во тој дуел.