„Беше магично да играм против братот“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Манчестер Јунајтед го совлада Сент Етјен во првиот меч од 1/16 финалето на ЛЕ (3:0), а на Олд Трафорд беше интересен и дуелот на браќата Погба на двете страни.

Младиот Пол беше воодушевен што прв пат во натпреварувачки меч играше против постариот Флорентин.

Офанзивецот на Црвените ѓаволи можеше и да слави победа, бидејќи со хет-трик ја донесе Златан Ибрахимовиќ, но многу посреќен беше што беше во дуел со братот.

„Беше магично. Не можев да верувам кога влегов. Почнавме да се смееме и само уживавме во моментот. Вакви ситуации не се случуваат секој ден. Натпреварот беше добар. Сакавме победа, а во реваншот ќе ни биде полесно иако не е се готово“, рече Пол Погба, кој во минатото лето за рекордни 105 милиони евра премина од Јувентус во Манчестер Јунајтед.

Флорентин е важниот ден во животот го одбележа и на интересен начин, бидејќи ја избричи косата во знак на својот број 19 кој го носи на дресот, како и шестката на братот. Играше до 79 минута, кога го замени Словенецот Роберт Бериќ, а после мечот беше и малку разочаран.

„Малку жалиме за добрите шанси во првото полувреме. Имавме шанси, но не ја погодивме метата. Манчестер беше ефикасен што одликува на големите тимови. Има уште да се игра, и ние мораме да веруваме, иако ќе биде многу тешко“, рече Флорентин Погба, кој е репрезентативец на Гвинеја, за разлика од братот кој игра за државниот тим на Франција.
Интересно е дека постои и трет брат Погба, кој истотака, е фудбалер. Се работи за Матијас Погба, кој е напаѓач на Спарта од Ротердам, а инаку е брат близнак на Флорентин.