Официјално – Стеауа го смени името!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Тимот од Романија мораше да го смени името поради проблемот со Министерството за одбрана.

Стеауа е клуб кој е создаден од војската во Романија во 1947 година, а од тогаш дури 26 пати беа шампион на Романија и е еден од најуспешните клубови во Европа.

Стеауа дури во 1986-та година успеа да го освои Купот на европските шампиони против Барселона.

Сепак, денес официјално мораше да го смени името, па од сега ќе се фика „ФКСБ“

„Седум милиони судии, Папата во Рим, НАТО силите, сите можеа да ни забранат да се викаме Стеауа, но не можат да го сменат фактот дека тоа е истиот клуб. Сите кои сакаат можат да продолжат да не викаат Стеауа, но од сега официјалното име е ФКСБ“

Министерството за одбрана најави создавање на нов тим под име Стеауа кој би го започнал натпреварувањето во 4-ти ранг.