Потврдени црните мисли – Тешка повреда на Флоренци!


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Фудбалерот на Рома, Флоренци повторно го повреди коленото и на теренот ќе се врати за 6 до 8 месеци.

Оваа вест денес ја потврди лекарскиот тим на Рома кој по деталните прегледи ги потврди сите стравови.

Флоренци повторно ги скина лигаментите на левото колено кое го повреди во октомври минатата година.

„Тестовите потврдија дека се пукнати лигаментите. Денес ќе оди на нова операција.“

Тој на теренот би можел да се врати за 6 до 8 месеци.

Флоренци се обиде порано да се врати на теренот, но само со тоа си наштети на сопственото здравје и за него оваа сезона е завршена, а нема да го има ниту на почетокот на новата.