„Не е важно каде, но ќе ја продолжам кариерата!“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Менаџерот на Арсенал, Арсен Венгер најави дека наскоро ќе биде позната неговата судбина во Арсенал.

Французинот веќе 20 години го води Арсенал. Тој сака да го продолжи договорот со Арсенал, но по се изгледа дека е поблиску до заминување од тимот.

„Навикнав на приказните за заминување. Тоа веќе се пишува 20 години и тоа морам да го прифатам. Не сакам многу да зборувам за тоа, најверојатно ќе ја донесам одлуката во март или април, но засега е важен само Арсенал.“

„Без оглед на тоа што ќе се случи, јас ќе ја продолжам кариерата. Имам голема одговорност кон овој клуб. Важно е клубот да донесе правилна одлука. Овде работам 20 години, имав многу шанси да заминам, но секогаш останував. Многу е важно клубот да биде во сигурни раце.“

„Мразам да губам, но и ако заминам, Арсенал нема да го добие секој натпревар. Се надевам дека тоа ќе се промени во иднина.“