Ливерпул му украде фудбалер на Челси – Клоп плаќа 10 милиони за слободен играч!


Одиме јако! Не чека ЛУД викенд! ↓↓↓


Изгледа дека е познато првото засилување на Ливерпул за наредната сезона.

Ливерпул е на добар пат да заврши како прво летно засилување. И тоа од Челси.

Медиумите пишуваат дека Ливерпул се договорил со Доминик Соланке. На него на крајот на сезоната му завршува договорот, а не е постигнат договор за продолжување на соработката.

Иако на крајот на сезоната тој ќе биде слободен играч, Ливерпул ќе мора да плати за него околу 10 милиони евра.

Според законите во Англија секој клуб ќе добие пари ако изгуби играч кој почнал да игра во нивниот тим. Истата работа беше и со Дани Ингс пред година и пол. Ливерпул мораше да плати 10 милиони евра за него.

Соланке има само 19 години и ја помина академијата на Челси. Штом се појави, беше поставен како голема иднина на англискиот фудбал, па Рој Хоџсон го повика и на тренинзите на А репрезентацијата.

Кога започнаа преговорите за новиот договор, Соланке барал договор вреден 50.000 фунти неделно, а тоа е неприфатливо за Челси.

Меѓутоа, Соланке сакал и минутажа во првиот тим, а таа тешко дека ќе ја добие во Челси, па затоа ова е вистинскиот чекор за него.

Клоп му ветил важна улога во тимот. Најверојатно ќе биде замена за Стариџ кој ќе замине од тимот.