На денешен ден е роден најголемиот на сите времиња!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


На денешен ден пред 54 години е роден Мајкл Џордан, најдобриот кошаркар на сите времиња, а по многумина и најдобар спортист во историјата.

Тој е роден на 17-ти февруари 1963-та година во Бруклин, а својата прва НБА сезона ја започна во 1984-та година во Чикаго, каде што остана до 1998 година со пауза во сезоната 1993/94.

Џордан со Чикаго освои 6 НБА титули, а исто толку пати беше и најдобар играч во финалето.

Пет пати беше прогласен за најкорисен играч во кариерата, а имаше и 14 настапи на Ол-Стар натпреварите додека 3 пати беше МВП во тие натпревари.

Два пати ги освојуваше натпреварувањата во забивања, а најдобар дефанзивец беше во 1988 година.

Тој има и 2 златни медали од ОИ во Лос Анџелес и Барселона.

Во период од 2001 до 2003 година играше за Вашингтон.

Во одличната кариера има постигнато 32.292 поени(30.1 по натпревар), 6.672 скокови(6.2) и 5.633 асистенции(5.3).

Џордан  денес е сопственик на Шарлот.