Соколите се први полуфиналисти – Потешко од очекуваното го совладаа Вардар


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Карпош Соколи го совладаа Вардар во натпреварот од 1/4 финалето во македонскиот куп со 92:84.

Соколите започнаа со серијата од четири поени за која најзаслужни беа Пенов и Пери. Кошаркарите на Карпош Соколи направија потоа серија од 9 поени за 13:2. Лабовиќ со четири поени во низа му донесе водство на соколите од 17:4. Шепа и Трајковски зголемија на 21:6. Пред крајот на првата четвртина Соколов со шест поени во низа го постави резултатот 30:13 после десет минути игра.

Лефкоски на почетокот на втората четвртина погоди четири од четири слободни фрлања и намали на 13 негатива, 30:17. Вардарци со серија од седум поени ја спуштија негативата на 10 поени, 35:25. Трајковски и Соколов три минути пред крајот на првото полувреме погодија за 44:31. Вардарци преку Лефкоски и Зекири намалија на едноцифрена негатива, 44:35. Тројката на Трајковски и двојката на Соколов ја вратија двоцифрената предност на соколите, 49:35. Кнежевиќ и Соколов му донесоа водство на Карпош Соколи од 16 поени. 53:37 со кои и се замина на полувреме.

Четири минути во третата четвртина се играше кош за кош. Потоа соколите преку Соколов кој погоди за три и Трајковски кој погоди две слободни фрлања стигнаа до водство од 64:45. Соколите четири минути пред крајот на третата четвртина имаа водство од 22 поени, 69:47. Со шесте поени во низа, Вардарци намалија на 71:57. До крајот на третата четвртина Шепа погоди за соколи, а на другата страна Лефкоски за 73:59 пред последните десет минути од натпреварот.

Седумте поени во серија на кошаркарите на Вардар му донесоа негатива од седум поени четири минути пред крајот на натпреварот, 81:74. Митков и Адедоџи намалија на пет негатива, 83:78. Лабовиќ во нападот на Карпош Соколи погоди тројка за 86:78. Калов и Адедоџи 27 секунди погодија за 86:82. Трајковски беше фаулиран и ги погоди двете слободни фрлања, Адедоџи промаши за три, а потоа и Пери беше фаулиран кој исто така ги погоди двете слободни фрлања, 90:82. До крајот на натпреварот Калов погоди за два, а потоа Мавра погоди две слободни фрлања  за конечни 92:84.

Трајковски го предводеше Карпош Соколи со 20 поени. Соколов додаде 18, Пери 12 поени, а Мавра 11 поени. Кај Вардар најефикасен натпреварот го заврши Лефкоски со 22 поени. Адедоџи постигна 17, а Калов 16 поени.

Карпош Соколи во 1/2 финалето ќе игра со подобриот од натпреварот Работнички – Куманово.