Фудбалер на Барса купи куќа во Лондон, Конте добива пеколно засилување?!


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Антонио Конте може да добие големо засилување од Барселона.

Како што пренесуваат англиските медиуми, играчот за врска на Барселона, Арда Туран купи куќа во Лондон, не многу далеку од тренинг центарот на Челси.

Според овој извор, Туран при минатонеделната посета во Лондон бил на таен состанок со челниците на Челси кои сакаат да го доведат во наредното лето.

Туран во таа прилика на друштвените мрежи сподели фотографија со Диего Коста со порака „засекогаш мој брат“, со кој освои титула во Атлетико во 2014 година.

Туран е среќен во Барселона, меѓутоа, нема статус на првотимец, веќе како џикер и златна резерва кај Луис Енрике.

Антонио Конте го гледа како идеално засилување во средниот ред поради тоа што може да покрива неколку позиции.

Туран во Барселона стигна во лето 2015 година за 36 милиони евра, а Каталонците би го пуштиле за минимум 30 милиони.