Познато е колку Клатенбург ќе заработува во Саудиска Арабија


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Англискиот судија Марк Клатенбург се одлучи за повеќе да не суди во англиската Премиер лига.

Еден од најдобрите судии на светот соопшто дека ја напушта Премиер лигата поради тоа што изостана поддршка од водечките луѓе од комисијата за судии во борба за поголема плата на судија во Англија.

Клатенбург не доби зголемување на платата и побара раскин на соработката.

Иако сеуште официјално не ја напушти Премиер лигата овој судија се одлучи за својата кариера да ја продолжи во Саудиска Арабија.

Иако имаше понуда од Кина која и парично беше подобра тој на крајот се одлучи да биде шеф за судиите во Саудиска Арабија.

Клатенбург во Саудиска Арабија годишно ќе заработува пола милион фунти.

Англичанецот откри дека во Кина можеше да заработува и дупло повеќе, но понудата од Саудиска Арабија му се допадна.

Англискиот судија оваа информација ја потврди денеска кога официјално е претставен како “шеф“ на судиите во Саудиска Арабија.