Македонскиот најдобар ракометар потпиша за Нант


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Македонскиот ракометен капитен и репрезентативец, Кире Лазаров во следните две сезони ќе го носи дресот на француски Нант.

Лазаров ќе си замине од Каталонија после четири години. Каталонците му нудеа да остане уште една година, но тој ја прифати понудата на францускиот клуб.

Кире Лазаров ќе биде претставен во Нант после завршувањето на сезоната, а ќе биде дел од големиот проект на францускиот клуб.

Во својата кариера, Лазаров ги има носено дресовите на Овче Поле, Борец, Пелистер, Загреб, Веспрем, Атлетико Мадрид и Барселона. Има освоено вкупно 52 титули.