Дибала одигра феноменално – Јувентус сигурен против Палермо!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Денес беше одигран натпреварот помеѓу Палермо и Јувентус.

Јуве започна жестоко во натпреварот.

Првата шанса ја имаше Дибала во 10-та минута кога ја погоди левата статива, а 3 минути подоцна Игуаин испрати удар кон средината на голот, но голманот беше сигурен.

Во истата минута Маркизио успеа да постигне гол и така да го донесе Јувентус во предност со 1:0.

Дибала имаше одлична шанса и во 34-та минута, но голманот повторно добро одбрани.

Конечно во 40-та минута Дибала погоди од слободен удар и зголеми на 2:0.

Игуаин во 63-та минута постигна гол за 3:0, а на 4:0 зголеми Дибала со својот 2-ор гол на натпреварот.

Гол за гостите постигна Чочев и го постави резултатот на конечни 4:1.