„Јас сум како Индијана Џонс“


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Златан Ибрахимовиќ синоќа беше јунак на Манчестер Јунајтед во победата над Сент Етјен во првиот меч од шеснаесет финалето на Европската лига.

Црвените ѓаволи на Олд Трафорд ја совладаа француската екипа со 3:0, а мрежата на Сент Етјен ја тресеше само Ибрахимовиќ кој на крајот запиша хет-трик.

Швеѓанецот во досегашниот дел од сезоната во сите натпреварувања за Јунајтед постигна веќе 23 голови.

После ниноќешниот натпревар Ибрахимовиќ застана пред камерите, и во свој стил повторно ја насмеа јавноста.

Некогашниот репрезентативец на Шведска порача дека тој е како Индијана Џонс, и објасни и зошто.

„Јас сум како Индијана Џонс. Каде и да играв освојував титули и победував сам.

Навистина е убаво да се даде хет-трик за Јунајтед. Најважно ни беше да оствариме добар резултат пред реваншот. Вистина е дека јас против нив дадов доста голови и се надевам дека истото ќе го направам и во наредната недела“, рече Ибрахимовиќ.