Чудесна статистика на Златан после 30-от роденден


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Манчестер Јунајтед во четвртокот на Олд Трафорд со 3:0 го совлада Сент Етјен во првиот меч од шеснаесет финале на Европската лига.

Црвените ѓаволи веќе после првиот меч остварија одличен резултат пред реваншот, а најзаслужен за тоа повторно беше Златан Ибрахимовиќ кој постигна хет-трик.

Иако многумина после доаѓањето на Швеѓанецот сметаа дека тој е на залезот на кариерата и дека не може да пружи многу во Јунајтед, Златан повторно докажа дека грешат.

Дури што повеќе Ибрахимовиќ е како вино, што е постар што подобар.

Статистиката на шведскиот напаѓач е неверојатна од моментот кога го прослави својот 30-ти роденден.

Имено, пред тоа Ибрахимовиќ никогаш во една сезона не успеа да постигне повеќе од 30 голови.

Но, кога Златан наполи 30 години головите доаѓаа како на лента.

После тоа Ибрахимовиќ во секоја сезона постигнува најмалку 30 голови, а на одличен пат е тоа да го направи и во дресот на Јунајтед.

Во досегашниот дел од сезоната Ибрахимовиќ за Црвените ѓаволи постгина 23 голови во сите натпреварувања и доколку повредите го заобиколат сигурно ќе ја помине бројката од 30 голови во сезона.

Се чини е пензијата е уште многу далеку што се однесува за Ибрахимовиќ.