„Победивме, но не сум задоволен!“


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Фудбалерите на Јувентус на домашен терен го победија Палермо со 4:1.

Стрелец на два гола беше Пауло Дибала, кој не беше задоволен со играта на својот тим.

„Направивме еден голем чекор напред во лигата, но не игравме добро. Во текот на првото полувреме имавме многу погрешни додавања, не смееме да си дозволиме тоа да ни се случува. Против Порто мора да го смениме нашиот пристап и менталитет.“

„Нема да биде лесно да се игра таму и мораме да бидеме фокусирани. Денешната победа е повеќе од заслужена. Играњето во Торино не е лесно за нашите противници.“

Дибала стигна до 5 постигнати голови во Серија А оваа сезона.