Навивачите собраа пари за да го донесат посакуваното засилување!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Уште еднаш се покажа дека навивачите можеби се најважниот фактор во светот на фудбалот, односно дека вистински живеат и се борат за саканиот клуб.

Интересна приказна ни доаѓа од Норвешка, а јунаци се навивачите на Кристијансанд

Тие одлучија да му помогнат на тимот и да соберат пари за да донесат засилување во борба за титулата наредната сезона.

Кристијансанд пред неколку денови објави дека Никита Баранов е на чекор од тимот, но дека трансферот нема да се оствари затоа што Флора бара премногу пари за него.

Клубот не можеше да плати 50.000 фунти колку што бараа за него, па во тоа се вклучија навивачите.

Тие за неколку денови успеаа да соберат и повеќе пари од доволно за Баранов да потпише за тимот.

Од клубот изјавија дека е тоа неверојатно и импресивно колку навивачите сакаат да му помогнат на тимот.