Роналдо конечни ги откри причините за легендарната фризура


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Еден од најдобрите играчи на сите времиња, Роналдо конечно откри зошто на СП 2002 година носел таква фризура.

Тој ги шокираше сите со неговата уникатна фризура.

Никој не можеше да верува каква фризура има Роналдо, а по 15 години тој реши да открие зошто ја носел.

„Имав проблеми со повреда и бев подготвен 60% и поради тоа морав да имам таква фризура. Пред почетокот на СП сите зборуваа за мојата повред, па јас морав нешто да направам за да им го отргнам вниманието.“

Тој се врати на најдобар можен начин затоа што беше главна ѕвезда во Јапонија и Јужна Кореја.

Роналдо во финалето против Германија постигна 2 голови и така им ја донесе 5-та титула на Бразил.

Тој во 2002 година беше најдобар стрелец на СП со 8 голови. Зад него останаа Ривалдо и Клосе кои постигнаа по 5.