„Мата е виновен затоа што Клатенбург замина во Саудиска Арабија!“


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Еден од најпознатите судии, Клатенбург ги шокираше сите кога соопшти дека нема повеќе да суди во ПЛ.

Клатенбург ја доби наградата за најдобар судија во светот за минатата година, а неговата одлука да ја напушти Англија ги шокираше сите.

Овој судија ќе продолжи во Саудиска Арабија каде што ќе биде шеф на комитетот за судии.

Поранешниот судија Хакет изјави дека поради инцидентот во 2012 година со Мата, овој судија одлучи да го напушти англискиот фудбал.

„Тоа се ужасни вести за англискиот фудбал. ПЛ има најдобри судии во светот и ова е голем удар за нас. Управата е виновна за се. Јас верувам дека поради инцидентот со Мата се почна да се руши. Клатенбург тогаш не доби поддршка и се виде дека нема доверба во врвот на англискиот фудбал.“

Да потсетиме, Клатенбург имаше караница со Мата на натпреварот помеѓу Челси и Јунајтед.