Нови правила, нови возбудувања – Ќе има голема борба помеѓу Ред Бул и Мерцедес


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Новата сезона во Ф1 сигурно ќе донесе многу возбудувања, но и нови правила.

Во Ф1 оваа година ќе видиме широки и агресивни болиди со поголеми пневматици на Пирели.

Овие промени ќе го подобрат болидот на Ред Бул, а за тоа е свесен и директорот на Мерцедес, Тото Волф.

„Бев нервозен кога дојдов во Мерцедес пред 4 години и кога го започнавме своето патување. Со текот на годините нервозата исчезна. Но не сакаме да паднеме во замка. Промената на правилата доѓа во вистинско време и дополнително не мотивира. Но знаеме дека то може да предизвика и проблеми.“

Мерцедес во претходните 3 години доминираше во шампионатот, а во 2014 и 2015 титули освојуваше Хамилтон додека минатата година победи Розберг.

Почетокот на новата сезона во Ф1 е закажан за 26-ти март со ГН на Австралија.