Сензационален трансфер – Есиен се сели во Хрватска?!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Риека е многу блиску до донесување на Михаел Есиен во својот клуб.

Еден од најголемите африкански играчи на сите времиња, Есиен е на прагот од потпис со Риека.

Есиен е 34-годишен фудбалер кој има играно во кариерата за Лион, Челси, Реал Мадрид, Милан и Панатинаикос кој му беше последен клуб.

Според медиумите, претседателот на Риека, Дамир Мишковиќ и Џонатан Кукуљан се во преговори со тој фудбалер.

Иако преодниот рок во Хрватска заврши, клубовите и понатаму може да потпишуваат договор со играчи кои се слободни.

Иако е сигурно дека не е во добра форма поради годините, сепак тој би бил големо засилување за тимот во борба за титулата.