„Ги знаеме слабостите на Рома“


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Рома е феноменална форма, во четвртокот беше декласиран Виљареал и тоа во Шпанија со 0:4, а ова коло во италијанската Серија А играат против Торино.

Тренерот на Торино, Синиша Михајловиќ изјави дека може да им парираат на римјаните.

„Натпреварот во четвртокот беше премногу моќен. Тие многу напредуваа во последно време и нема да ни биде лесно. Ако сакаме да ги победиме мора да бидеме подобри во се. Но верувам дека и среќата треба да биде малку на наша страна кога се игра против екипа како Рома“ – изјави Михајловиќ

Натпреварот помеѓу Торино и екипата на Рома на програмата е оваа недела со почеток од 18 часот.