Левандовски во 96-та го спаси Баерн од пораз од Херта, убедлива победа на Борусија Дортмунд против Волфсбург (ВИДЕО)


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Од 21-то коло во Бундеслигата се одиграа уште пет натпревари.

Борусија Дортмунд на Сигнал Идуна Парк убедливо го победи Волфсбург, 3:0.

Брума во 20-та минута постигна автогол и ги израдува домашните навивачи. До крајот на првото полувреме Шурле на едната и Мали на другата страна имаа шанси за погодок, но беа непрецизни.


Borussia Dortmund 1 – 0 Wolfsburg Bruma Own… by live-football3

На почетокот на второто полувреме Пишчек погоди со глава за 2:0. После еден час игра Дембеле постигна погодок со глава за конечни 3:0.


Lukasz Piszczek Goal HD – Borussia Dortmund 2… by worldfoot


Lukasz Piszczek Second Goal HD – Borussia… by riqezi

Милионерите после денешната победа се искачија на третата позиција и имаат пет бода помалку од Лајпциг кој е втор и има натпревар за одигрување, а од лидерот Баерн Минхен имаат 13 бода помалку.

 

Херта и Баерн Минхен ремизираа, 1:1.

Во 21-ва минута Ибишевиќ погоди за водство на Херта.


Vedad Ibisevic Goal HD – Hertha Berlin 1… by LiveFootball28

Стрелецот на погодокот во второто полувреме имаше шанса за втор погодок, но шутираше непрецизно. Во 96-та минута Роберт Левандовски постигна погодок за израмнување и ги постави конечните 1:1.


Robert Lewandowski Goal HD – Hertha BSC 1-1… by footballderby

Баварците денес го запишаа вториот пораз оваа сезона и сега имаат осум бода повеќе од второпласираниот Лајпциг кој има натпревар за одигрување и тринаесет бода повеќе од Дортмунд и Хофенхајм кој се трети односно четврти.

 

Во останатите натпревари Инголштадт го победи Франкфурт на гости со 1:2, Хофенхајм на домашен терен го победи Дармштадт, 2:0 и Вердер Бремен славеше на гости кај Мајнц, 0:2.