Сити ќе игра уште еднаш против Хадерсфилд, Милвол сензационално со играч помалку го исфрли Лестер, Мидлзбро го победи Оксфорд за 1/4 финале


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Се одиграа четири натпревари од 1/8 финалето во ФА Купот.

Хадерсфилд успеа да се избори за уште еден натпревар против Манчестер Сити бидејќи денес двата клуба ремизираа.

Милвол на домашен терен го победи Лестер со 1:0.  Купер во 52-ра минута доби црвен картон. Пласманот во 1/4 финале на англискиот нисколигаш му го донесе Кумингс во 90-та минута.

Мидлзбро на Риверсајд го победи Оксфорд со 3:2.

Лидбитер и Гестеде во првото полувреме погодија за 2:0. Гостите во период од две минути преку Мегуаер и Мартинез го израмнија резултатот, 2:2. Пласманот во 1/4 финале на Мидлзбро му го донесе Стуани во 86-та минута.

Линколн претходно го победи и елиминира Барнли од ФА купот, 0:1.