Бејл се врати и погоди – Реал Мадрид го победи Еспањол (ВИДЕО)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Фудбалерите на Реал Мадрид на Сантијаго Бернабе го победија Еспањол во натпревар од 23-то коло во Ла Лига.

После половина час игра Алваро Мората погоди со глава за радост на навивачите на кралскиот клуб. Неколку минути подоцна Мората имаше шанса за втор погодок, но шутираше непрецизно.

Во второто полувреме Кристијано Роналдо со глава се закани по голот на Лопез, но неговиот шут беше непрецизен. Потоа и Васкез имаше шанса да го зголеми водството на Реал, но и тој не реализира. Герет Бејл во 71-ва минута се врати после долгата пауза поради повреда, а влезе на местото на Мората.

Конечните 2:0 ги постави Герет Бејл кој на фантастичен начин го најави враќањето на теренот.

Реал Мадрид после денешната победа останува на лидерската позиција со четири бода повеќе од второпласираната Барселона и шест бода повеќе од Севиља која е трета. Барселона и Севиља ги немаат одиграно натпреварите од 23-то коло.