ВТА Доха – Плишкова беше подобра од Возњацки!


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Денес се одигра финалето на програмата од турнирот во Катар.

Во финалето се соочија две одлични тенисерки, Плишкова и Возњацки, кои ни приредија одлична забава.

Плишкова беше подобра од Возњацки и успеа да победи со 2:0 во сетови, односно 6:3 и 6:4.

Натпреварот започна лошо за Возњацки која го изгуби својот прв и втор сервис во првиот сет, но потоа успеа да врати со еден брејк во 6-от гејм, иако немаше доволно сила да направи нешто повеќе, па со 6:3 победи Плишкова во сетот.

Вториот сет беше решен со само еден брејк и тоа во 10-от гејм кога Возњацки и дозволи на противничката да и го одземе сервисот и да победи во сетот со 6:4.