Вардар во драматичен натпревар го падна на колена Сегед среде Унгарија


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Ракометарите на Вардар го победија Пик Сегед во Унгарија во натпревар од 11-то коло во групната фаза во ЛШ, 21:23.

Вардарци направија серија од два погодоци за водство, 2:4. Домашните вратија со иста мерка и го израмнија резултатот, 4:4. При резултат 6:6, ракометарите на Вардар постигнаа три погодоци во низа за прво поголемо водство на натреварот, 6:9. Повторно унгарците брзо се вратија во натпреварот и го израмнија резултатот, 9:9. Вардарци повторно направија серија од три погодоци и ја вратија предноста од три погодоци, 9:12. Ракометарите на Пик Сегед до крајот на првото полувреме постигнаа два погодоци во низа за 11:12 после триесет минути игра.

Во второто полувреме Пик Сегед стигна до првото водство на натпреварот, 16:14. Вардарци беа во криза подолго време, не можеа да постигнат погодоци, но Штербик беше одличен на голот. Македонскиот клуб со три погодоци во низа стигнаа до водство, 19:20 осум минути пред крајот на натпреварот. Пет минути пред крајот на натпреварот резултатот што стоеше на семафорот беше 21:21. Дибиров ја украде топката во нападот на Сегед и погоди за 21:22. Во нападот на Сегед, ракометарите на унгарскиот клуб Скубе направи грешка. Душебаев погоди во нападот на Вардар за победа 21:23.

Тимур Дибиров со 6 погодоци го предводеше Вардар. Алекс Душебаев постигна четири, Игор Карачиќ и Иван Чупиќ постигнаа по три, Лука Циндриќ два, Хорхе Македа и Жоан Канељас по еден погодок.  Голманот на Вардар, Арпад Штербик натпреварот го заврши со четиринаесет одбрани. Скубе со шест погодоци беше најефикасен во тимот на Пик Сегед.