Карпош Соколи го декласира Работнички за финале во купот на Македонија


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Кошаркарите на Карпош Соколи го победија убедливо Работнички во полуфиналето во купот на Македонија, 78:92.

Соколите започнаа подобро во натпреварот. Мавра со петте и Мавра со двата поени му донесоа водство на соколите, 2:9. Пери три минути пред крајот на првата четвртина постигна четири поени во низа за прво двоцифрено водство на Карпош Соколи, 6:16. Работнички преку Николиќ и Чековски намали на 13:18. Петте поени во низа на Николиќ и Маслинко ја намалија негативата на Работнички на само два поени, 18:20. Мавра до крајот на првата четвртина погоди една тројка и една двојка за 18:25 после десет минути игра.

Ефремовски и Чековски постигнаа пет поени во низа за 27:31. Соколите со двете тројки во низа на Лабовиќ и едната на Трајковски повторно стигнаа до двоцифрена предност, 30:42. Работнички повторно резултатски се врати во игра по погоденото едно слободно фрлање на Чековски и тројките на Тасовски и Николиќ, 37:42. Во последната минута од втората четвртина Пери и Трајковски постигнаа тројки за 37:48 на полувреме.

Три тројки по ред погоди Тасовски за 51:57. Мавра и Зековиќ погодија тројки, а Трајковски три од три слободни фрлања по кои го врати двоцифреното водство на Карпош Соколи, 57:69. Потоа се играше кош за кош до крајот на третата четвртина. Зековиќ 33 секунди пред крајот погоди двојка за 61:73 пред последните десет минути од натпреварот.

Соколите со деветте поени во низа во четвртата четвртина стигнаа до водство од 20 поени на пет минути до крајот на натпреварот, 67:87. Тренерот на Куманово после оваа голема серија на Карпош Соколи повика тајм-аут. Кошаркарите на Карпош Соколи до крајот ја задржаа големата предност, 76:92 и се пласираа во финале каде ќе ќе играат против подобриот од натпреварот МЗТ Скопје – Фени Индустри.

Мавра со 27 поени го предводеше Карпош Соколи до победа. Трајковски додаде 17, Лабовиќ 15, а Пери 12 поени. Кај Работнички најефикасен беше Тасовски со 23 поени. Николиќ и Мишановиќ постигнаа по 12, Чековски 11, а Мираковски 10 поени.