Челси е четвртфиналист – Педро и Коста го средија Волвс (ВИДЕО)


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Во последниот натпревар на програмата денес од 1/8 финалето во ФА Купот, Челси победи на гости кај Волвс со 0:2.

Погодоци во првото полувреме не беа постигнати. Педро со глава во 65-та минута погоди за водство на сините.

Диего Коста во 90-та минута ги постави конечните 0:2 и го обезбеди пласманот на Челси во 1/4 финале.