Заврши победничката серија на Еибар – Сарабија и Витоло му донесоа победа на Севиља (ВИДЕО)


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Фудбалерите на Севиља на Рамон Санчез Пискуан го победија Еибар во натпревар од 23-то коло во Ла Лига, 2:0.

После половина час игра Сарабија му донесе водство на Севиља. Неколку минути подоцна Јоветиќ пропушти шанса да го зголеми водството на андалузијците.


Goal Sarabia P. (1:0) Sevilla vs Eibar by ylberenexhipi

Енрих во второто полувреме шутираше непрецизно. Севиља преку Витоло пропушти голема шанса за втор погодок на денешниот натпревар. Само три минути подоцна по шансата на Витоло, кон голот на Еибар шутираше Н’Зонзи, но голманот одбрани. Витоло во 91-ва минута ги постави конечните 2:0.


Vitolo Goal HD – Sevilla 2-0 Eibar 18.02.2017 HD by footballderby

После денешната победа андалузијците се искачија на втората позиција на табелата во Ла Лига со еден бод повеќе од Барселона која утре го игра својот натпревар од 23-то коло. Зад лидерот Реал Мадрид, Севиља заостанува три бода, но кралскиот клуб има два натпревари помалку.