Официјално: Михтаријан во Јунајтед


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Ерменскиот фудбалер Хенрик Михтаријан е официјално нов играч на Манчестер Јунајтед.

Жозе Мурињо на прес конференцијата вчера откри дека Михтаријан ќе стигне на Олд Трафорд и само ден подоцна овој офанзивен играч за врска потпиша за Црвените ѓаволи.

Михтаријан потпиша четиригодишен договор со можност за продолжување на уште една година.

Покрај него Јунајтед ги доведе Златан Ибрахимовиќ и Ерик Баили.