Анчелоти нареди засилување од Италија!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


„Билд“ пишува дека тренерот на Баерн го сака во својот тим еден од најдобрите голгетери во Серија А во тековната сезона.

Како што стојат работите, Баерн и Челси ќе водат голема битка за потпис на Адреа Белоти.

Торино тешко ќе го задржи 23-годишниот напаѓач кој е страв и трепет за голманите и противничките одбрани во Италија, но од неговата продажба сигурно добро ќе заработат.

Според зборовите на спортскиот директор на „Биковите“ Џанлука Перачи, понуда тешка 65 милиони евра која што ја испрати Арсенал во јануари е лесно одбиена, бидејќи во клубот се убедени дека постојат клубови кои ќе понудат повеќе.

Се шушка дека од причина што ова момче е најголема желба и на Антонио Конте и Карло Анчелоти, неговиот трансфер може да стигне и до сума и од 100 милиони евра!

Белоти моментално е трет на листата на стрелци во Серија А со 17 постигнати голови, само се Един Џеко и Гонзало Игуаин, кои дадоа по гол повеќе се поефикасни од него.