Јубилејна победа – Цонга стигна до 400-та победа на АТП турнејата!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Цонга се пласираше во финалето во Ротердам по победата против Бердих.

Тоа за 31-годишниот Французин беше 400-та победа.

„Одиграв добар натпревар. Бев сигурен на сервис, а тоа е многу добро за мојата игра. Среќен сум што се изборив за финале. Ме очекува тешка работа, но мислам дека имам добри шанси за освојување на трофеи.“

Францускиот тенисер во кариерата има освоено 12 титули, а последната ја освои пред 17 месеци, кога победи во Мец.