За Несторовски излезе интерес и од Премиер Лигата!


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Евертон фрли око на нашиот напаѓач Илија Несторовски.

Нестроровски има 26 години и потекнува од Прилеп, ова лето од Интер Запрешиќ премина во Палермо и е еден од најдобрите играчи во тимот од Сицилија во моментов, но неговиот тим се бори за опстанок.

Атлетико Мадрид и Севиља веќе одамна го покажуваат својот интерес за Несторовски а сега се вклучи и екипата на Евертон кои се подготвени да платат 20 милиони фунти за одличниот Несторовски.

Скаутите на Евертон го гледаа Илија против Јувентус кој пак иако не блескаше направи некои маки на играчите од дефанзивата на Јувентус.