Ова е понуда на Реал за Дибала и навистина е непристојна!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Аргентинецот ќе го продолжи договорот, но шпанскиот гигант и понатака на вратите на Јувентус. Понудата на Реал ќе биде неверојатна!

Флорентино Перез не се откажува лесно.

Пауло Дибала е мета број 1 за Реал Мадрид, но Аргентинецот треба да потпише нов договор со Јувентус.

Досега заработуваше 2 милиони по сезона, сега дури 7, со што ќе се израмни со Пипита Игуаин, тие двајца ќе бидат најплатени играчи во Серија А.

Но, во Италија тврдат дека тоа не крај на сагата, бидејќи Реал Мадрид наводно има адут да го убедат Јувентус.

Во прашање се Иско и Мората кои можат да бидат дел од договорот, но нормално голема сума на пари со која Дибала ќе се пресели во Реал.

Перез би прифатил да ги испрати и Данило и Џејмс Родригез, но за тие двајца Јувентус сепак не е толку заинтересиран.

Тие не кријат дека сакаат да го вратат Алваро Мората, а Иско им е стара желба.

Меѓутоа, тешко е да се верува дека после Погба ќе го продадат Дибала, се процеува дека Аргентинецот е наследник на Лео Меси и дека кога ќе биде соборен светскиот рекорд, тој ќе биде тој за кого ќе биде платена најголема сума во историјата на фудбалот.

Дали тоа веќе на лето?

Тешко, но така се зборуваше и за Погба.