Кој друг ако не тој: Ибрахимовиќ донесе пласман на Јунајтед во четвртфиналето на ФА куп (Видео)


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Фудбалерите на Манчестер Јунајтед се пласираа во четвртфиналето на англискиот ФА Куп после денешната победа против Блекбурн во гости со 2:1.

Беше тоа многу незгоден натпревар за Црвените ѓаволи, а Жозе Мурињо на теренот испрати комбиниран состав во кој не беа ни Ибрахимовиќ ни Погба.

Домаќините поведоа веќе во 17 минута и тоа со погодок на Грахам.

Сепак, нивната радост траеше само десет минути бидејќи Маркус Рашфорд ја затресе мрежата и израмни на 1:1.

Продолжението на мечот донесе целосна иницијатива на гостите, а Мурињо на теренот ги испрати и Погба и Ибрахимовиќ.

Токму овој двоец донесе победа на денешниот меч.

Погба во 75 минута беше асистент, а Ибрахимовиќ сбеше стрелец на погодокот за победа.

До крајот на мечот домаќините не успееја да го израмнат резултатот со цел барем да изборат нов меч во осмина финалето на ФА Куп.


///////////////// by LiveFootball28